На Свечената седница на Советот на Општина Кочани која по повод 75-годишнината од ослободувањето на Кочани се одржа во НУЦК „Бели Мугри“, беа доделени највисоките општински награди.

Освен наградата за животно дело, која постхумно ја доби м-р Драган Петров, директор на некогашна „Нова трговија“ и иницијатор за изградбата на Трговскиот центар во Кочани, и наградата за значајни остварувања за развојот на Кочани која  ѝ припадна на Амбасадата на Швајцарија за изградбата на Пречистителната станица за отпадни води во Кочани, Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев врачи и посебни Благодарници.

Благодарници им беа врачени на Драган Апостолов за прикажаната хуманост – спасување на човечки живот, на сите противпожарни единици и шумски стопанства што помогнаа во гасењето на пожарот на Осоговските Планини, како и на Македонското еколошко друштво „Фармахем“  за поддршката во зачувувањето на природата и заштитата на Осоговските Планини.

PIC_3555

PIC_3568

PIC_3584

PIC_3582

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари