Компанијата „Стојменов“ започна со изведба на градежните работи за реконструкција на 3,5 километри на локалниот патен правец што го поврзува градот со селото Мојанци.

Реконструкцијата ќе се реализира со грант од над 15 милиони денари од Швајцарската агенција за развој и соработка како дополнување на проектот за веќе изградената регионална Пречистителна станица за отпадни води што е лоцирана во близина на ова населено место.

Со реконструкцијата на овој локален патен правец ќе се  овозможи побезбеден приод за околу 1.600 жители до трите села коишто гравитираат кон овој крај, Горни Подлог, Долни Подлог и Мојанци. Коловозот ќе се прошири од постојните 3 на 4,5 метри, а ќе се изгради и тротоар со ширина од 1,5 метар.

Проширувањето и надградбата на коловозот ќе се изведува од преминот преку железничката пруга кај компанијата „Антура“, па сè до влезот во селото Мојанци.

На чинот на свеченото започнување со реконструкцијата на овој патен правец освен претставници од Локалната самоуправа, Компанијата „Стојменов“ и надзорот на градежните работи, присуствуваа и жители од локалните села  како и Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

С. Ивановски

DSCN0459

DSCN0507

DSCN0455

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари