Денес, нешто пред 16:00 часот во Централното градско подрачје на Кочани избувнал пожар, односно на улицата „Маршал Тито“ број 13 се запалила гаража во која биле опожарени едно патничко моторно возило и мотор.

По добиената дојава Територијалната противпожарна единица со две возила и четири пожарникара интервенирала, но поради опасност дека пожарот може да се прошири и на околните објекти побарана е дополнителна интервенција уште со две возила и исто толку пожарникари.

За кратко време пожарот бил ставен под контрола а целосно е ликвидиран во 17:30 часот.

На лице место излезена е увидна екипа на МВР.

С. Ивановски

52

53

54

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари