Почитувани сограѓани,

Од мое име и од името на Општина Кочани, Ви го честитам, 8 Септември, Денот на независноста на Македонија.

Создавањето слободна и самостојна национална држава, како историски стремеж на нашиот народ е обврска на сегашните и на идните генерации, таа да се гради и да се развива.

Повикувам во амбиент на меѓусебно разбирање и почитување, дијалог и соработка, толеранција и соживот да создаваме просперитетна и сигурна иднина за сите.

Ви го честитам празникот и Ви посакувам добро здравје, благосостојба и подобар живот.

Градоначалник на Општина Кочани,

Николчо Илијев

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари