Кога во натпревар на два сосема различни противника по квалитет во преден план ќе се стават судиите може да се претпоставува како истиот се одвивал.

Денес во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ се одигра натпреварот „Кочани“ – „Драгон“, натпревар од второто коло на Првата Фудбалска Лига за жени.

Младата и неискусна екипа на „Кочани“  се трудеше колку-толку да им парира на шампионките но квалитетот на скопјанки беше за неколку класи поголем па се чекаше последниот свиреж на судијата Димовски од Велес за да се види со која разлика ќе слават гостинките.

„Драгон“ славеше со 6:0 (3:0) но денес мошне слабите помошни судии беа тие кои не дозволија резултатот да биде поинаков. Особено лоши одлуки донесуваа на штета на драгонки. Посебно се „истакна“ првиот помошник кој кога гостите ќе тргнеа во напад постојано го креваше знаменцето означувајќи офсајд-позиција па во 4-5 наврати и ги оштети, а додека кога „гостинките“ го постигнаа петтиот погодок офсајдот го видоа сите само не тој што предизвика смеа кај малобројната публика.

Инаку главниот судија Димовски добро го водеше натпреварот, но денес немаше добри соработници за да натпреварот има вистински спортски дух. Но како и да е, контролорот е тој што ќе го каже последниот збор.

Резултати од второто коло:

„Кочани“ – „Драгон“  0:6

„Каменица Саса“ – „Тиверија“  3:0

„Плачковица“ – „Истатов“  0:5

„Шкендија“ – „Ас Јунајтед“  1:0

„Речица“ – „Борец“  8:3

„Љуботен“ – „Атлетико“  0:3

„Топ Гол“ – „Победа – Деспина“  1:7

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари