Како и што беше однапред планирано тројцата членови на Клубот за планинарски спортови „Москито“ од Кочани, Круме Цеков, Ангелчо Гелев и Борис Поп Ѓеорѓиев, денес ја започнаа својата мисија, освојувањето на врвовите Гросглокнер (Австрија) и Скрлатица (Словенија).

„Тргнуваме денес (Понеделник) во 12:00 часот од Кочани и според предвиденото утре рано изутрина околу 07-08 часот треба да пристигнеме во Австрија. Откако ќе се малку одмориме, ќе ја средиме опремата и веднаш тргнуваме кон Планинарскиот дом Ерцог Јохан Хуте сместен на 3.200 метри надморска височина. Планираме таму да ја поминеме ноќта а доколку временските услови тоа го дозволат во Среда во раните утрински часови тргнуваме со искачувањето кон Гросглокнер. По спуштањето, по краткиот одмор се упатуваме кон „Алјазев Дом“ во Словенија каде планирано е ноќевање. Утредента (Четврток) продолжуваме со искачувањето кон врвот Скрлатица. После симнувањето во зависност од нашиот умор или ќе преноќиме во Словенија или веднаш тргнуваме кон Македонија“ рече Круме Цеков еден од членовите на тричлената експедиција.

Тројцата членови на експедицијата упатуваат голема благодарност до сите оние кои финансиски го помогнаа овој нивен зафат.

Им посакуваме добри временски услови и искачувањето на двата врва да го реализираат како и што имаат планирано.

Среќно момчиња.

С. Ивановски

72

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари