Два часа оризопроизодителите го блокираа движењето по едната коловозна лента на патниот правец Штип – Кочани, кај селото Облешево.

Како што изјавија протестот засега бил предупредувачки, а оризопроизводителите бараат Министерството за земјоделство да го исполни она што било ветено од 2018 година и пред стартот на жетвата да ги добијат ветените 5,00 денари по килограм,  дополнителна субвенција.

Доколку не бидат исполнети барањата оризопроизводителите најавуваат дека блокадите ќе продолжат.

Оризопроизводителите исто така бараат да се утврди и производната и откупната цена пред старот на жетвата која би требало да започне за две седмици Бидејќи според нивните пресметки килограм произведена арпа ги чинела 17,00 денари тие бараат откупната цена да изнесува 25,00 денари.

Со рабалансот се предвидени средства за финансиска подршка на земјоделците, велат од Платежната агенција, но уште нема прецизен одговор кога парите ќе ги добијат оризопроизводителите.

С. Ивановски

DSCN6375

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари