По една седмица одложување, во Недела со почеток од 16:00 часот започнуваат натпреварите во Трета Фудбалска Лига – Југ.

За годинешното првенство своето учество го пријавија 11 екипи. Од минатогодишните третолигаши од истокот кон новоформираната трета лига се приклучија четири екипи.

Седиштето на лигата ќе биде во Струмица.

Фаворитската улога ја има екипата на „Слога 1934“ од Виница која со доведување на квалитетни играчи значително ги појача своите редови во овој летен преоден рок.

Но виничани се свесни дека улогата на фаворит значи и поголема обврска на сите во клубот бидејќи сите други екипи на натпреварите против нив ќе го дадат својот максимум ако не и повеќе.

Во првото коло се среќаваат:

„Слога 1934“ – „Брегалница сениори“ (Делчево)

„Спартмани“ (Балдовци) – „Василево“

„Младост“ (Удово) – „Тиверија“

„Малеш“ – „Раклиш 2015 сениори“

“Дојранско Езеро“ – „Овче Поле“

Во првото есенско коло слободна е екипата на „Детонит“ (Радовиш).

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари