Втора седмица по ред како младите фудбалери на ФК „Фудбал Сарс“ од Кочани интензивно тренираат под светлоста на рефлекторите на затворените терени во дворот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Се работи со генерацијата родени 2009 година и помлади и како што ни беше кажано планираат да ги користат терените се додека тоа временските услови г дозволуваат, а најдоцна до крајот на месец Ноември.

Тренерскиот тим, Митев Симеончо, Александар Ангелов и Игор Данилов работат на совладување на техниката со најмладите генерации а од вечерва им се приклучи и Станкица Атанасова еден од најдобрите играчи што ги бранела боите на ЖФК „Кочани“, ЖФК „Младост Иднина С“, ЖФК „Драгон“ и женската Репрезентацијата на Македонија.

Предвидено е Атанасова да работи со женските категории на клубот кои од следната сезона ќе се натпреваруваат во Младинската женска фудбалска лига на Македонија.

Ќе се работи трипати седмично а тренинзите започнуваат во 19:00 часот.

С. Ивановски

DSCN0739

DSCN0732

DSCN0741

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари