Тројцата планинари Круме Цеков, Ангелчо Гелев и Борис Поп Ѓеорѓиев, членови на Клубот за планинарски спортови „Москито“ од Кочани успешно го завршија првиот дел од нивната мисија.

Онака како и што предвидуваа тие денес се искачија на Гросглокнер највисокиот врв во Австрија.

Откако се одморија по долгото патување, и ноќта ја поминаа во Планинарскиот дом Ерцог Јохан Хуте сместен на 3.200 метри надморска височина, тие денес (Среда) ја почнаа својата мисија со искачување и освојувањето на Гросглокнер. По кратко време на врвот тие започна со слегувањето кое беше тешко исто како и искачувањето, но сепак овие храбри наши сограѓани успешно се симнаа и сега откако ќе се одморат, утре (Четврток) ќе ја започнат и втората фаза од оваа мисија а тоа е искачувањето на врвот Скрлатица во Словенија.

Им посакуваме убав ден и успешно завршување на мисијата.

С. Ивановски

5556

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари