Во организација на Автомобилистичкиот картинг-клуб „Кастум кар реисинг тим“ од Скопје и Автомобилистичката федерација на Македонија, на 14 и 15 септември на Пониква ќе се одржат ридско-брзински трки од државниот шампионат.

Подготовките ќе започнат в петок попладне, со верификација на технички преглед, а в сабота во 11 и 12 ч. ќе закажани два тренинга.

Свеченото отворање е в недела со почеток во 10:30 ч., а двете возења се од 11 и 12 ч.

Според најавите на организаторот, патеката долга 6 километри и 400 метри, ќе ја возат 25 домашни и петмина учесници од странство.

Доделувањето на наградите е закажано за 14:30 ч.

Ридско-брзинските трки се одржуваат со поддршка на Општина Кочани, Агенцијата за млади и спорт, Руен и др.

Општина Кочани

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари