До почетокот на новото првенство во Трета Фудбалска Лига – Југ остануваат уште три дена. Во Недела со почеток во 16:00 часот стартуваат натпреварите од првото коло,

Играчите на „Слога 1934“ кои важат за фаворити за највисок пласман сериозно ги одработуваат тренинзите со кои стартуваа пред речиси два месеци.

„Подготовките ги поминавме онака како и што предвидувавме пред нивниот старт. Работевме макотрпно два месеци а одигравме и серија на контролни натпревари во кои го создававме тимот кој верувам дека успешно ќе го одигра првенството. Донесовме неколку засилувања за речиси сите позиции. Имаме добар ростер на играчи кои ќе треба да одговорат на сите предизвици кои не очекуваат во следните дваесет кола. Важиме како главни фаворити за највисок пласман но само со сериозен пристап и со добри игри можеме да ја оправдаме таа фаворитска улога. Свесни сме дека сите екипи ќе играат максимално против нас ако не и повеќе, но ние сме тука спремни да се спротивставиме на сите предизвици. Во Недела во првото коло ја пречекуваме екипата на „Брегалница сениори“ од Делчево која важи секогаш за добар и сериозен противник. Сите играчи се спремни да го дадат својот максимум. Во првото коло единствено ќе ни недостига Иван Митров кој има стара повреда, но се надевам дека во следните кола неговиот настап и неговата помош ќе биде целосна. Виница очекува многу од оваа екипа. Се е сега во наши раце. Ние треба да ја оправдаме довербата на сите кои се вклучени во работата на клубот и од следното првенство Слога 1934 да почне едно ново поглавје од својата историја а тоа е настап во Втората Фудбалска Лига. Очекуваме помош на секој натпревар и од нашите верни навивачи“ рече Крсте Крстев – Шеф на Стручниот штаб на „Слога 1934“.

С. Ивановски

DSCN9621

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари