До нашата редакција пристигна допис од адвокат од Кочани во која пишува дека тој и неговата сопруга извесен период биле уценувани.

Дописот Ви го презентираме во целост.

„Уценуван Адвокат од Кочани до МВР ПС Кочани денес (12.09.2019 год.) поднел кривична пријава за кривично дело ,,Уцена,, од член 259 став 1 од КЗ а кое произлегува од телефонски разговор помеѓу адвокатот и Н.Н лице кое се јавило од непознат телефноски број , а кое лице најверојатно е обвинет за кривично дело во некоја постапка која ја водел адвокатот против него.

Во разговорот се слуша како н.н лицето му се заканува на адвокатот дека за него ќе открие нешто што е штетно за неговата чест и углед (дека ќе објави скринови и чатови) . Деновиве неговата сопруга примила неколку пораки со недолична содржина на нејзиниот телефонски број (скринови и чарови) со што се потврдува дека н.н лицето ја реализирало својата закана.

Останува МВР да го расчисти случајот и да биде откриено лицето кое ги упатило и реализирало заканите.

Идентитетот на адвокатот

и е познат на редакцијата

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари