Недела. 15:30 часот е термин во кој се закажани натпреварите од 4-тото коло во Втората Фудбалска Лига – Исток.

По трите последователни порази екипата на „Осогово“ се најде на дното на табелата. Кочанчани во ова коло патуваат во Пехчево на натпревар со домашниот „Кит Го“. „Жетварите“ кои оваа седмица добија големо засилување по ангажманот на Аце Стојков патуваат без „бело знаме“. Шансата за загубените бодови посебно во првото коло од екипата на „Питу Гули“ мора да бидат освоени на гостински терен. Играчите на „Осогово“ се надеваат дека поразите во Пехчево ќе бидат прекинати и со добра и дисциплинирана игра најавуваат дека непоразени ќе се вратат во „градот на оризот“.

Во Каменица гостува лидерот на табелата, а во Струмица се игра дерби на колото.

Во 4-тото коло се среќаваат:

„Кит Го“ – „Осогово“

„Каменица Саса“ – „Брегалница“

„Тиквеш“ – „Питу Гули“

„Победа“ – „Плачковица“

„беласица“ – „Кожуф“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари