По повод Европската недела на мобилност, во понеделник на 16 Септември 2019 г. Општина Кочани и  ОУ „Малина Попиванова“ организираат настани чија цел е да се насочи вниманието на јавноста  кон подобрување на јавното здравје и квалитетот на животот преку промовирање на одржлив урбан транспорт.

За таа цел во 11:00 ч. од Градскиот плоштад во Кочани ќе појде велосипедско дефиле кон училишниот двор на „Малина Попиванова“, каде ќе се одржи настанот „Велородео“.

Во велосипедското дефиле ќе учествуваат ученици од сите кочански основни училишта, како и од училиштата од Чешиново-Облешево и Зрновци, а во настаните ќе бидат вклучени и ученици од Виница и Блатец.

ОУ „Малина Попиванова“ е дел од мрежата Велоучилишта во Македонија.

DSC_0113

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари