Денес во ресторан „Аква“ во Кочани се одржа завршниот дел од Проектот „Две и половина минути до полноќ“; кој беше  иновативен едукативен пристап кон темите за климатските промени во основните училишта, а истиот е финансиран од страна на ЕРАЗМУС+.

Пред голем број на гости, претставници од општинските училишта, од КЈП „Водовод“ и други учесници во проекти свое обраќање имаа претставниците од општините и училиштата учесници во проектот како и од наставникот Весна Лазарова и нејзините тим на ученици од ОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Оризари кои го добија признанието за најдобар тим на ученици во проектот.

Инаку, програмата започна на 1 ви Ноември, 2017 година.

Проектот беше насочен кон подобрување на знаењата и вештините на наставниците и учениците од основните училишта со цел подобро да ја разберат климатската наука и да се насочат кон климатските промени и потребата од примена на Обновливите Извори на Енергија (РЕС) во и надвор од училницата, како и да развијат добар систем на вештини на размислување за предвидувањата за глобалните климатски промени со поттикнување на критички пристап на размислување за главните причини на овој природен феномен.

DSCN0746DSCN0747DSCN0753

Во Проектот беа вклучени три јавни институции: општина Пештера (Р.Бугарија, Проектен координатор), локална администрација од Лудбрег (Р.Хрватска) и Комунално Јавно Претпријатие „Водовод“  од Кочани (Р.Македонија) кои имаа за цел да развијат транснационален стратешки документ за партнерство кој ќе ги опфаќа темите поврзани со климатските промени.

DSCN0758DSCN0754DSCN0760

Три невладини организации со свои експерти: РЕАП (Р.Бугарија), МАГА (Р.Македонија), и РЕАН (Хрватска) беа вклучени во градење на капацитети и обуки на наставниците, како и и три пилот основни училишта: Св.Патријарх Ефтимиј (Р.Бугарија), Крсте П. Мисирков (Р.Македонија) и Основно Училиште Лудбрег (Р. Хрватска) кои ги изведуваа пилот активностите низ учење во предметите поврзани со теми за климатските промени и Веб алатки за Отворени Едукативни Извори (ОЕР) на нивните ученици во 2018/2019 училишна година.

Проектот опфаќаше три Транснационални состаноци од кои првиот се одржа во општина Пештера, Р.Бугарија на 3-ти Ноември, 2017г.

Времетраење на проектот беше 24 месеци и е со вкупен буџет од 135.050 Евра.

С. Ивановски

DSCN0771

DSCN0744

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари