Проектот „8 струни за нашите лакови“  кој започна да се реализира во Септември 2018 година а во кој е вклучено и СОУ „Љупчо Сантов“ и се реализира со финансиска подршка од ЕРАЗМУС + програмата, продолжува со планираните активности. Во реализација на овој проект се вклучени, како проектни партнери, средни училишта од пет Европски држави  Македонија, Велика Британија, Италија, Португалија и Турција. Од Македонија проектен партнер е СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани.

Како наредна активност во рамките на проектот, е предвиден транснационален настан кој ќе се одржи во периодот од 15 до  22 Септември во градот Росарно во Италија на кој ќе земат учество 4 ца професори  и 8 ученици од кочанското училиште. Во текот на тие денови проектниот тим од СОУ „Љупчо Сантов“  ќе ги реализира планираните активности на најдобар можен начин, но пред сѐ дека ќе оствари соработка со претставниците на останатите проектни партнери како и размена на добри практики кои во иднина ќе бидат имплементирани во образовниот процес што е всушност и една од најважните цели на ЕРАЗМУС + програмата.

Основната цел на проектот е да се поттикнат учениците  да ја сфатат важноста за личен развој преку развивање на способности кои би биле најсоодветни за нив, односно да ја сфатат важноста за користење на нивните сопствени предности за да им пристапат на различни теми и да размислуваат за нивниот омилен стил на учење.

Идејата на проектот е да се примени теоријата за повеќекратна интелигенција на Хауард Гарднер според која постојат 8 видови на интелигенција.

Координатор на проектот е професорката  Весна Кушевска.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари