Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денес ја посети индустриската зона во Кочани каде изврши обиколка на производствените капацитети на компаниите „Руен Инокс“ и „Пејпер Мил“ и оствари средби со менаџментските тимови.

На средбите Анѓушев ги презентираше измените и дополненијата на Законот за финансиска поддршка на инвестициите како и предлог законот за субвенционирање на придонесите за задолжително социјално осигурување.

Како што истакна на средбите презентацијата на мерките е согласно со активните политики на Владата за користење на средствата за финансирање на инвестициите за зголемување на конкурентноста на македонската економија и субвенционирање на придонесите од задолжителното социјално осигурување за покачување на платите на вработените до 6.000,00 денари.

С. Ивановски

DSCN0785

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари