Денеска во Општина Кочани, градоначалникот Николчо Илијев имаше средба со својот колега, градоначалникот на хрватскиот град Лудбрег, Дубравко Билиќ.

На средбата на која присуствуваше и директорот на КЈП „Водовод“ Андреј Киров се разговараше за соработка за што поголемо искористување на европските фондови.

Фокус-тема беше начинот на селектирање на отпадот, за кој градоначалникот Билиќ истакна дека станува збор за долг процес којшто опфаќа менување на навиките на граѓаните.

Градоначалникот Илијев соопшти дека се работи на прибирање податоци и анализи за што поскоро отпочнување со селекција на отпадот во Кочани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари