По отворањето на секциите Реал Аикидо Нико и Кардио Фитнес Нико во Кочани и во Облешево, од вчера (Петок) во Спортската сала при ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари започна да работи секцијата Реал Аикидо Нико.

Идејата на тренерот Николчо Гоцев да се отвори секција и во Оризари е оправдана и истата е со цел членовите на клубот кои патуваа од Оризари во Кочани за да не губат од своето време и да немаат патни трошоци.

Засега тренинзите ќе бидат во Вторник и Петок од 19:30 часот а доколку се зголеми бројот на заинтересирани членови можно е да се најде и уште најмалку еден дополнителен термин.

Овој спорт кој има се повеќе приврзаници особено кај најмладите за прв пат беше отворен пред повеќе од пет години во Кочани, но од ден на ден тој станува се поинтересен за најмладите а секако и за повозрасните.

С. Ивановски

70210595_10219289386416189_4424392746735763456_n

70929854_10219289385536167_642701762326691840_n

70234453_10219289384256135_3625165557050900480_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари