Се одиграа шест од закажаните седум натпревари од 3-тото коло во Првата Фудбалска Лига за жени.

Во натпревар на некогашниот шампиони во Велес подмладените состави на домаќинот „Борец“ и „Кочани“ ги поделија бодовите играјќи нерешено. И за двете екипи кои во годинешното првенство настапуваат со релативно млади состави ова е прв освоен бод.

Во дерби натпреварот во Скопје исто така немаше победник а додека на останатите четири натпревари славеа фаворитите.

Резултати од 3-тото коло:

„Борец“ – „Кочани“  2:2

„Драгон“ – „Каменица Саса“  1:1

„Ас Јунајтед“ – „Речица“  5:0

„Тиверија“ – Плачковица“  13:0

„Атлетико“ – „Топ Гол“  0:4

„Деспина Прилеп“ – „Шкендија“  2:0

Натпреварот „СЦ Истатов“ – „Љуботен“ е одложен.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари