Интересен почеток на првенството во Трета Фудбалска Лига – југ. На петте одиграни натпревари единствено славеа домаќините во Виница, додека на сите останати четири натпревари се радуваа гостите.

Со головите на Анастасовски во 15’79’81’ и 90’ како и на играчот од клупата Манасиев во 70’ екипата на „Слога 1934“ ја совлада просечната, но борбена екипа на „Брегалница сениори“ со 5:0 (1:0). Играчите на тренерот Крсте Крстев одиграа мошне добар натпревар, постигнаа пет погодоци а исто толку шанси не реализираа а и двапати сојузник на гостите од Делчево беше пречката. За илустрација само, играчите на „Брегалница сениори“ не упатија речиси ниту еден посериозен шут кон голот на Лазаров.

Резултатот беше откриен во 15’ кога по една центрирана топка од слободен удар Анастасовски со удар со глава ја погоди противничката мрежа. И по примениот гол гостите повеќе мислеа на сопствениот гол отколку на противничкиот, успешно се бранеа до 70’ кога нововлезениот Манасиев со прецизен удар малку откосо биеше во мрежата. По овој погодок моралот кај гостинските играчи како да падна што го искористија домаќините и со новите три погодока на Анастасовски дојдоа до сигурна победа. Натпреварот го следеа околу 300 гледачи.

Резултати од првото коло:

„Слога 1934“ – „Брегалница сениори“ (Делчево)  5:0

„Спартмани“ (Балдовци) – „Василево“  0:4

„Младост“ (Удово) – „Тиверија“  2:4

„Малеш“ – „Раклиш 2015 сениори“  3:6

“Дојранско Езеро“ – „Овче Поле“  1:2

Слободна беше екипата на „Детонит“ (Радовиш).

С. Ивановски

DSCN0797

DSCN0826

DSCN0873

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари