Меѓу тристотината гледачи на „Градскиот стадион“ во Виница, на натпреварот од првото коло во Трета Фудбалска Лига – Југ „Слога 1934“ – „Брегалница сениори“ се најдоа и градоначалниците на Виница и Делчево, Ивица Димитров и Горан Трајков.

Пред натпреварот и двајцата беа оптимисти во победата на нивните екипи, но на крајот се покажа дека квалитетот и ефикасната игра на домаќините едноставно ги „стопи“ симпатичните гости од Делчево.

На крајот и двајцата си подадоа рака, но поважно од се беше нивното присуство на трибините со што и двајцата покажаа дека се и те како заинтересирани и придонесуваат за развојот на спортот во нивните општини.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари