Со рециклажа на отпад до добивање на стипса, антисептик кој има сестрана примена . Ова е изумот на група средношколци од СОУ “Ванчо Прке“ со кој се прогласија за најиновативно училиште во државата, добивајќи фонд од 5000 евра за опрема во училиштето.

Четири ученички од трета и четврта година заедно со нивните професорки Сузана Трајкова и Кети Богданова со ова истражување го промовираа и училиштето и општината. Според нив, истражувањето на часовите бара соодветни услови и помагала за спроведување на истото, а токму овој Конкурс на Фондот за иновации нуди можност за реализација на идеите, што е впрочем и главен предуслов за практична работа во училиштата.

Успехот на овие средношколци го поздрави и градоначалникот Ивица Димитров кој денес организираше прием поддржувајќи ги овие проекти, и истакна дека општината стои на располагање да ги помага сите ученици кои имаат напредни и развојни идеи и кои покажуваат солидни резултати во локални и национални рамки.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари