Тричлената експедиција на КПС „Москито“ од Кочани Ангелчо Галев, Круме Цеков и Борис Поп Ѓоргиев, по шест дена поминати во Австрија и Италија и освојувањето на два планински врва полни со импресии се вратија дома.

Експедицијата од Кочани тргна на 09 Септември во 12:00 часот и како што не информираат по дваесет часа стигнале во Австрија а по средувањето на опремата тргнале кон Планинарскиот дом Ерцог Јохан Хите на височина од 3.400 метри каде ја поминале ноќта.

„На 11 Септември околу 08:00 часот ја почнавме нашата мисија со искачувањето на врвот „Гросглокнер“ кој се наоѓа на височина од 3.798 метри надморска височина, за да по неколку часа истиот го освоиме. Искачувањето и спуштањето траеше околу 8-9 часа. Откако си земавме одмор од триесеттина минути заминавме на паркиралиштето и со возилото кренавме кон гратчето Карлс каде во еден доста опремен камп ја поминавме ноќта“ беше изјавата на еден од членовите на експедицијата Круме Цеков.

Вториот предизвик за нив беше искачувањето и освојувањето на врвот  „Скрлатица“ во Словенија, но лошите временски услови што беа на самиот врв не им дозволуваа да тргнат во новата мисија.

7576

„Временските услови беа на вистина лоши па ни беше препорачано да не се обидуваме по такво време да се искачуваме. Но штом веќе бевме дојдени решивме да заминеме за Италија и да се спремиме за освојување на врвот САТ 1 (Виа Ферата) кој се наоѓа над езерото „Лагоди Гарда“. Благодарение на едни наши пријатели со кои претходно контактиравме ноќта ја поминавме во еден апартман кои ни го беа резервирале. Утредента на 13 септември во 09:00 часот по сончево и пријатно време почнавме со искачувањето, за да по околу четири часа се најдеме на самиот врв од кој што глетката беше прекрасна. По девет часови искачување и спуштање останавме да се одмориме а потоа го разгледавме прекрасното мало гратче Рива дел Гарда“ полн со импресии по враќањето ни раскажуваше Борис Поп Ѓоргиев.

Ангелчо Галев беше краток: „Полни со импресии на 14 Септември тргнавме кон Македонија. Врвовите останаа зад нас, освоени но чувството што го доживеавме не обврза веднаш да почнеме да планираме со нови искачувања. Се надевам дека нема овде да запреме“.

Експедицијата посебна благодарност упатува кон спонзорите кои им помогнаа во остварувањето на нивната цел:  Општина Кочани, „Алма ДООЕЛ“, „Полатски“, „Еко зрно ДООЕЛ“, „Амазон“ и порталот  „Комарец“.

С. Ивановски

72

73

74

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари