Како што пред малку објави на својот профил Александар Андов си поднесе неотповиклива оставка на местото Шеф на стручниот штаб на ГФК „Осогово“ од Кочани.

„Сакам да ве известам сите дека од денеска повеќе не сум шеф на стручниот штаб на ГФК „Осогово“, си поднесов оставка поради морални причини и слаби резултати во првите 4-ри кола… й благодарам на управата на Осогово за укажаната доверба која ми ја пружија и на играчите со кои бевме фамилија и ќе продолжиме да бидеме фамилија, секогаш ќе ја имаат мојата поддршка. На екипата и управата и посакувам успех во наредниот период за да Осогово остане во Втората фудбалска лига каде му е местото. Еднаш за Осогово цел живот за Осогово. Осогово се сака со срце“ стои во текстот што Андов го напиша на неговиот профил.

Андов во Осогово помина речиси две сезони. Со смената што настана во клубот есента 2017 година, Андов како помошник седна на „жешката клупа“ каде беше прв помошник на Крсте Крстев.

Александар Андов во сезоната 2018-2019 со „Осогово“ ја освои Шампионската титула во Трета Фудбалска Лига – Исток и по една сезона пауза клубот го врати во второлигашкото друштво.

Причината за поднесувањето на оставката на Андов како и што има напишано се слабите резултати на клубот во првите четири кола во кои „жетварите“ не освоија ниту еден бод и имаа негативна гол разлика 1:10.

Сепак потегот на Андов е за поздравување бидејќи кога клубот нема резултати некој мора да ја понесе одговорноста.

Потег на вистинските спортисти.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари