Во организација на Здружението за екологија и заштита на животната средина „ЕКО  ТИМ  ИСТОК“  од Кочани, денес во ресторан „СОФРА“ во Кочани се одржа завршниот настан од проектот „Воспоставување на функционален локален систем за управување и правилно постапување со отпадното ПЕТ пакување во Кочани“, финансиран од страна на „Глобален еколошки фонд – програма за мали грантови на Република Северна Македонија“ и „Екопроект – Ко ДОО“ – Кочани.

Воведно обраќање пред присутните имаше Координаторот на проектот Ирена Мирчовска, а Поздравен говор имаа Златко Самарџиев – Национален координатор на ГЕФ – Програма за мали грантови на Република Северна Македонија и Билјана Митева – Управител на „Екопроект-Ко ДОО“ – Кочани.

2122

Самиот проект се спроведуваше во периодот септември 2018 – Август 2019 година од страна на Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ – Кочани во партнерство со „Екопроект-Ко ДОО“ – Кочани. Вкупниот буџет на проектот изнесува 35.635 $ од кои 23.147 $ се обезбедени од Глобален еколошки фонд (ГЕФ), додека остатокот е обезбеден со учество на „Еко Тим Исток“ – Кочани и „Екопроект-Ко ДОО“ – Кочани.

Целта на проектот е воспоставување на функционален локален систем за управување и правилно постапување со отпадно ПЕТ пакување во Кочани.

Во проектот беа вклучени учениците и наставниците од четирите основни училишта во градот Кочани, како и четири угостителски објекти.

Резултати кои произлегоа од самиот проект се: собрани се 3.350 кгр отпадно ПЕТ пакување, конструирана е и рачно произведена првата рачна преса за намалување на волуменот на ПЕТ пакувањето, набавено е возило за собирање на отпадното ПЕТ пакување, поставени се садови за собирање на отпадното ПЕТ пакување во училиштата и угостителските објекти кои учествуваа во проектот, организирани се 16 обуки на кои учествуваа околу 600 ученика и 100 наставника. 100 ученика изработија творби од реупотребно отпадно ПЕТ пакување, а 96 учествуваа во натпреварите во знаење.

С. Ивановски

DSCN1075

DSCN1078

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари