Екипи на Територијалната противпожарна единица – Кочани и на Шумското стопанство „Осогово“ веќе неколку часови се борат со шумски пожар во близина на селото Пантелеј.

Зафатена е голема површина со букови дрвја и нискостеблеста шума. Теренот е тешко пристапен.

Со помош на Единицата од Виница и со поддршка од месното население, спречено е ширењето на пожарот кон селото Пантелеј.

Екипите работат на неговото локализирање, а противпожарни екипи ќе дежураат и во текот на ноќта. На местото на интервенцијата, со пожарникарите е градоначалникот на Кочани Николчо Илијев.

Општина Кочани

8

9

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари