Се одиграа натпреварите од 4-тото вонредно коло во Првата Фудбалска Лига за жени.

Во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ пред 7 (седум) гледачи кочанчанки го претрпеа и третиот пораз во годинешното првенство. Натпреварот беше решен уште во првото полувреме кога гостинките од Струга постигнаа пет погодоци што на крајот се покажа како и краен резултат. Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски одиграа очајно прво полувреме кога дозволија брзите играчи на „Ас Јунајтед“ лесно да ја пробиваат последната линија и кога ќе дојдеа сами пред домашниот голман рутинирано ги завршуваа акциите. Најубавиот момент се случи во финишот на полувремето кога гостинките постигнаа прекрасен погодок од преку триесет метри.

На сите други натпревари победија фаворитите а единственото изненадување ако така може да се каже се случи во Битола кога домашниот „Топ Гол“ и минатогодишниот вицешампион ги поделија бодовите.

Резултати од 4-тото коло:

„Кочани“ – „Ас Јунајтед“  0:5

„Каменица Саса“ – „Борец“  11:0

„Шкендија“ – „Речица“  5:2

„Плачковица“ – „Драгон“  0:16

„Љуботен“ – „Тиверија“  0:8

„Топ Гол“ – „СЦ истатов“  1:1

„Деспина Прилеп“ – „Атлетико“  6:0

С. Ивановски

DSCN0996

DSCN1008

 

70959527_518970678859678_90

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари