Во Сабота со почеток во 15:30 часот закажани се натпреварите од 5-тото коло во Втора Фудбалска Лига – Исток.

По четирите порази во исто толку одиграни кола играчите на „Осогово“ ја имаат првата меч топка за напуштање на последното место. „Жетварите“ ја пречекуваат екипата на „Победа“ од Прилеп која за време на подготовките ја совладаа со 6:0 а во натпревар од 1/16 финалето на фудбалскиот Куп со 1:0, со реални шанси да дојдат до првите три бода во годинешното првенство.

Инаку, во ова коло веќе се одигра еден натпревар, во Штип „Брегалница“ загуби со 0:1 од екипата на „Тиквеш“ и моментно им го препушти лидерското место на „Лозарите“.

Двојки за 5-тото коло:

„Осогово“ – „Победа“

„Кожуф“ – „Каменица Саса“

„Плачковица“ – Беласица“

„Питу Гули“ – „Кит Го“

„Брегалница“ – „Тиквеш“  0:1

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари