Почитувани медиуми, почитувани сограѓани!

По повод ,,Светскиот ден чистењето 21 септември, излеговме со иницијатива и повик да излеземе сите надвор и да ги детектира е проблемите кои најмногу ни пречат во нашето опкружување!

Многу наши сограѓани ни испратија фотографии на кои видовме диви депонии во с.Тркање, нас.Оризари, во Подлозите, односно насекаде! На едни снимки видовме фекални води како се влеваат во реката Брегалница, на други гледаме пукнати цевки тече вода од асфалтот и прашање на време е кога ќе го ископа!

Со тоа што проблемите ќе се детектираат тие остануваат лесно разбирливи, истовремено стануваат приемчиви и прифатливи и со тоа се става крај на лагите дека сме чиста општина и крај на лагите дека локалната самоуправа ги извршува обврските! Овие проблеми треба да бидат решени од одговорните, нивното решавање е крајната цел

Инаку, тој процес секогаш е поуспешен кога на јавноста и се прастапува искрено и отворено.  Ние како политичка партија сметаме дека заедно со Вас можеме да одиграме клучна улога во подигањето на еколошката свест На локалните власти сакаме да ги потсетиме Дека Кочани ја носеше титулата најчист град, еве сега за жал од најчист град стана најнесчист град!

Центар за комуникации при

ОК на ВМРО ДПМНЕ Кочани

и УМС на ВМРО-ДПМНЕ

77

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари