Ракометарите на „Младинец“ со победа ги започнаа натпреварите во Пионерската лига организирана од Ракометната Федерација на Македонија.

Денес во Спортската сала на ОУ „Никола Карев“ младите ракометари на „Младинец“ ја совладаа екипата на „Текстилец“ од Штип со 21:16 (9:5).

До десеттата минута резултатот беше изедначен , а потоа кочанчани ја презедоа играта во своите раце. Со цврста одбрана и смирени и ефикасни напади првото полувреме „Младинец“ го реши во своја полза 9:5.

Во вториот дел кочанчани беа уште подобри и постојано го зголемуваа водството па победата не беше доведена во прашање.

„Задоволен сум од играта и прикажаното со оглед дека пред една недела почнавме со тренинзи во сала. Добар старт на првенството, надевам се дека ќе продолжиме и понатаму со добри игри да остваруваме нови победи“ видно радосен по натпреварот рече тренерот на Младинец Димитар Филипов.

С. Ивановски

32

34

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари