Во третиот натпревар пред своите гледачи од петте одиграни кола екипата на „Осогово“ конечно успеа да ја забележи првата второлигашка победа. Совладана е екипата на „Победа“ од Прилеп со резултат 1:0 (1:0).

Се играше првата минута од судиското надополнување на првото полувреме кога домаќините тргнаа во напад кон голот на гостите. По една нафрлена топка  еден од одбранбените играчи на „Победа“ играше со рака и денес мошне добриот судија Величков веднаш покажа на белата точка. Иако пеналот беше чист како солза воопшто не е се јасни реакциите на прилепчани.

Ударот од белата точка го изведе Стојков, упатувајќи ја топката во спротивниот агол од интервенцијата на гостинскиот голман. Веднаш потоа судијата отсвири крај на првото полувреме.

А денес „Осогово“ со новиот Шеф на стручниот штаб Жанко Савов покажа добра, борбена, но не и ефикасна игра. „Жетварите“ резултатот можеа да го откријат уште во 2’ но топката од слободниот удар на Паунов заврши во десниот дирек. Во 15’ речиси од истото место повторно Паунов изведе слободен удар, но топката за неколку сантиметри заврши покрај десната статива во гол-аут.

DSCN1346

Во второто полувреме гостите фрлија се на една карта како би дошле барем до бод. Најзрелата прилика ја имаа во 71’ кога упатија силен удар кон голот на Јованоски кој пак со пантерска интервенција ја сочува својата мрежа.

„Жолто-сините“ можеа на двапати да го зголемат водството но во последните моменти најпрвин Стојков иако сосема сам биеше покрај левиот дирек, за да неколку секунди подоцна Паунов иако беше сам пред гостинскиот голман не успеа да ја погоди мрежата.

За одбележување е и 74’ кога судијата Величков му покажа црвен картон на домашниот напаѓач Стоименов.

Резултати од 5-тото коло:

„Осогово“ – „Победа“  1:0

„Кожуф“ – „Каменица Саса“  1:0

„Плачковица“ – Беласица“  0:1

„Питу Гули“ – „Кит Го“  1:2

„Брегалница“ – „Тиквеш“  0:1 (одигран порано)

С. Ивановски

DSCN1399

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари