Во изминатите пет кола од натпреварите во Втора Фудбалска Лига – Исток екипата на „Осогово“ трипати беше домаќин.

Иако многумина прогнозираа дека ако резултатите не им одат на рака на кочанчани ќе почне да се реагира непристојно од трибините, сепак сите досега натпревари поминаа во најдобар ред.

Резултатите не беа добри, но организацијата е беспрекорна и сето тоа благодарение на добрата организираност на Агенцијата за обезбедување „UNIT“ од Кочани.

Од „Осогово“ веќе упатија благодарност до „UNIT“ која за да му помогне на клубот, не ги наплатува своите услуги.

Ако досега беше така, зошто така и да не се продолжи.

С. Ивановски

DSCN1333

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари