Се одиграа натпреварите од второто коло во Трета Фудбалска Лига – Југ, во кое на петте натпревари беа постигнати 29 погодока или во просек по 5,8 по натпревар.

Дерби натпреварот се одигра во Василево каде истоимениот домаќин загуби од еден од претендентите за највисок пласман „Слога 1934“ со 0:2. Виничани одиграа добар натпревар и заслужено стигнаа до нови три бода. Стрелци на головите за „Слога 1934“ беа Мартин Ампов во првото и Антонио Стојчов во второто полувреме.

На останатите четири натпревари гледачите видоа доста ефикасен фудбал, најмногу голови вкупно 10 беа постигнати во Струмица на натпреварот „Тиверија“ – „Дојранско Езеро“, по 6 во Свети Николе и Радовиш а 5 во Делчево.

Резултати од второто коло:

„Василево“ – „Слога 1934“  0:2

„Овче Поле“ – „Малеш“  6:0

„Тиверија“ – „Дојранско Езеро“  7:3

„Брегалница сениори“ – „Младост Удово“  5:0

„Детонит“ – „Спартмани“  6:0

Слободна во ова коло беше екипата на „Раклиш“.

Во 3-тото коло кое е на програмата следната недела „Слога 1934“ ја пречекува екипата на „Детонит“.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари