Денес попладне нешто пред 15:00 часот на влезот во Кочани спроти кружниот тек кај Хотел „Национал“ се случи тешка сообраќајна несреќа во која учествувал автобус марка „Мерцедес“, сопственост на „Авто Атом“ од Кочани.

Според известувањето од МВР Штип автобусот се обраќал на патниот правец Штип-Кочани и при влезот во Кочани автобусот излетал од патот и се превртел на десната страна од коловозот.

Во сообраќајката биле повредени четири лица од кои по интервенцијата во Општа болница – Кочани две биле пуштени на домашно лекување.

На лице место се излезени увидни екипи од Полициска станица – Кочани кои треба да ги утврдат причините за сообраќајката.

72

73

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари