По убедливиот старт во првите две кола од новото првенство во кои се освоени максимален број на бодови и гол разлика 7:0 екипата на „Слога 1934“ во 3-тото коло во Виница со голем оптимизам но и претпазливост го очекува дерби натпреварот против минатогодишниот второлигаш „Детонит“.

„Спремни го дочекуваме неделниот противник. Знаеме дека се квалитетна екипа и мораме да бидеме претпазливи за време на целиот натпревар бидејќи во нивните редови има неколку извонредни играчи кои со еден потег можат да го решат натпреварот. Сепак, оптимисти сме, веруваме во квалитетот на нашата екипа. Се надевам дека помош ќе ни дојде и од трибините и дека на крајот сите ќе се радуваме“ рече Крсте Крстев – Шеф на стручниот штаб на „Слога 1934“.

Двојки за 3-тото коло:

„Слога 1934“ – „Детонит“

„Младост Удово“ – „Василево“

„Дојранско Езеро“ – „Брегалница сениори“

„Малеш“ – „Тиверија“

„Раклиш“ – „Овче Поле“

Слободна е екипата на „Спартмани“

Натпреварите се играат во Недела со почеток во 15:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари