Во Сабота со почеток во 15:00 часот се играат натпреварите  од 6-тото коло во Втората Фудбалска Лига – Исток.

„Осогово“ по првата победа во годинешното првенство со доза на оптимизам патуваа на тешкото гостување во Струмица. „Мразот е скршен, па се надеваме дека непоразени ќе се вратиме од тешкото гостување во Струмица. На рака ни оди и позитивната атмосфера по извојувањето на првата овосезонска победа“ се размислувањата кај дел од играчите.

Во ова коло за одбележување е и гостувањето на моменталниот лидер на табелата во Македонска Каменица, како и натпреварот во Пехчево каде гостува „Брегалница“.

Во Прилеп се игра дербито од дното на табелата а во Гевгелија домаќините ќе ја угостат екипата на „Плачковица“.

Двојки од 6-тото коло:

„Беласица“ – „Осогово“

„Каменица Саса“ – „Тиквеш“

„Кит Го“ – „Брегалница“

„Кожуф“ – „Плачковица“

„Победа“ – „Питу Гули“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари