Иако по победата над „Победа“ атмосферата во кочанскиот второлигаш беше порелаксирана, „жолто-сините“ и од третото гостување годинава се враќаат со двојно ништо, ниту бод ниту постигнат гол.

„Жетварите“ знаеја дека за противник ја имаат добрата екипа на „Беласица“, но сепак со доза на прикриен оптимизам отпатуваа за Струмица. Желбата беше барем бод, а ако им се даде прилика да можат и да го изненадат домаќинот. Но во Кочани се вратија со три голови во мрежата. Како што не информира нашиот извор од Струмица иронијата да биде поголема играчите на „Осогово“ за време на целиот натпревар упатиле само еден удар кон голот на домаќините (Паунов) кој завршил надвор од рамките на домашниот голман.

Во следното коло во Кочани гостува традиционално незгодниот „Кожуф“, но кочанчани доколку сакаат нешто повеќе да сторат во годинешното првенство ќе мора да остварат победа, во спротивно ….

Резултати од 6-тото коло:

„Беласица“ – „Осогово“  3:0

„Каменица Саса“ – „Тиквеш“  0:1

„Кит Го“ – „Брегалница“  1:1

„Кожуф“ – „Плачковица“  3:0

„Победа“ – „Питу Гули“  2:1

По шест одиграни кола на табелата води екипата на „Тиквеш“ со 16 бода, пред „Беласица“ со 15, „Кожуф“ 14, „Брегалница“ 11, „Кит Го“ 9, „Победа“ 6, „Каменица Саса“ и „Плачковица“ по 4, „Осогово“ и „Питу Гули“ по 3 освоен бода.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари