Членовите на Џудо Клубот „Гладијатор“ од Кочани продолжуваат со освојувањето на медали на домашните и меѓународните првенства.

Во саботата во Скопје во организација на САМБО федерацијата на Република Северна Македонија се одржа Балканското Првенство во САМБО.

„Гладијатор“ од Кочани се појави со 5 свои натпреварувачи од кои Дамјан Крстов и Андреј Давитков ги освоија бронзените медали.

Ден подоцна во Битола се одржа „Државното првенство во џудо за млади јуниори и млади пионери“.

На првенството „Гладијатор“ учествуваше со 14 џудисти кои освоија 10 медали, од кои по 2 златни и сребрени и 6 бронзени.

Златото го освоија Нина Ташкова и Андреа Цветкова, додека сребрените се најдоа на градите на Филип Манасиев, Марко Симеонов.

Освојувачи на 6-те бронзени медали се: Матео Станоев, Милан Станоев, Дамјан Крстов, Љубица Наунова, Петар Новков, Горан Терзиски.

Медалите се освоени, џудистите продолжуваат понатака.

С. Ивановски

66

77

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари