„Врвните светски карикатуристи во улога на трагачи по парадокси, преку своите дела раскажуваат филмски приказни пишувајќи нова историја трагајќи по некои нови парадокси докажувајќи дека карикатурата е најмоќното оружје на човековиот интелект, а со тоа испишаа и една нова историја на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница Веритас“, што пак ни дава за право да кажеме Ин Kарикатура Веритас“, рече нашиот нјпознат сатиричар и долгогодишен соработник Миле Ѓорѓијоски кој синоќа ја отвори изложбата „Трагачи по парадокси“ во рамките на единаесеттото возобновено издание на Фестивалот за хумор и сатира “Ин Виница Вертас 2019“

„Карикатуристите имаа една од потешките теми, но ние добивме врвни карикатури, 7 светски карикатуристи имаат свои карикатури на оваа Изложба, и навистина ни беше задоволство, сите членови во Комисијата беа на слатки маки кому да ги дадат наградите, но уште во првата селекција беа едногласни за победничката карикатура на Игор Смирнов, но навистина и за другите имаше голема конкуренција, Никогаш немало толку јака конкуренција со јаки карикатиурии и се надевам дека овој тренд ќе продолжи и во 2020.

DSC_3680

Победник на овој фестивал е Игор Смирнов, познат светски карикатурит, човек кој внимава на секој детал, тука е и Алексеј Кустовски, Михаил Златковски, тоа се карикатуристи кои ги собраа сите награди по разни фестивали во светот.“ рече Ѓоргијоски.

Жири комисијата во состав Александра Димитрова – уметник од Кочани, Ненад Остелиќ од Србија и Лејла Алаи од Иран, одлучи втората награда да ја додели на индонезискиот карикатурист Јитет Куштана, а третата награда на Михаил Златковски од Русија. Фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот Ивица Димитров кој рече „Со богатиот и разновиден репертоар на културни настани и манифестации во нашата општина последните две години, за кои се одвојува поголема сума на финансиски средства, Виница слободно може да конкурира за град на културата“.

Изложбата со 50 карикатури од синоќа е отворена за сите посетители кои редовно ќе го следат репертоарот на театарски претстави кои стартуваа со Сашо Тасевски и Стенд ап комедијата „Северно од Македонија“, а вечерва гостува театарот од Благоевград со претставата „Животот , макар и краток“ со актерот ИгорДамјанов – Марадоната.

Општина Виница

DSC_3646

DSC_3652

DSC_3656

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари