Со брза интервенција на противпожарната служба пожарот кој синоќа избувна јужно од „Олимпискиот базен“ навреме беше изгаснат и беше спречена штета од поголеми размери.

Синоќа некаде околу 20:30 часот јужно од „Олимпискиот базен“, под бензинската помпа на „Макпетрол“ избувнал пожар, се запалила викендичка.

Противпожарната служба веднаш интервенирала со три возила и шест пожарникари и по близу три часа пожарот е изгаснат.

Штета е направена, но истата можела да биде и поголема доколку биле зафатени и блиските оранжерии и сувата трева која била околу викендичката.

С. Ивановски

7273

7475

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари