Во Недела со почеток во 15:00 часот се играат натпреварите од 7-то коло во Втората Фудбалска Лига – Исток.

„Осогово“ ќе и биде домаќин на екипата на „Кожуф“, екипа која со години негува убав фудбал кој е магнет за гледачите. Но „жетварите“ си имаат свој есап, мора да ја остварат и втората годинешна победа доколку сакаат какви-такви шанси да им се отворат за зачувување на второлигашкиот статус, во спротивно ќе се заковат за последното место од кое тешко дека ќе излезат. Натпреварот во Недела е и повик до гледачите кои на „Осогово“ сега и те како му се потребни.

И останатите четири натпревари се доста интересни. Во Радовиш се игра натпревар на екипи кои се во зоната со „Осогово“ и од чиј резултат зависат многу нешта околу долниот дел на табелата.

Доста интересен е и натпреварот во Кавадарци каде лидерот на табелата ја пречекува екипата која во минатото коло и скина два бода на „Брегалница“.

Двојки за 7-мото коло:

„Осогово“ – „Кожуф“

„Плаковица“ – „Каменица Саса“

„Питу Гули“ – „Беласица“

„Брегалница“ – „Победа“

„Тиквеш“ – „Кит Го“

Натпреварите започнуваат во 15:00 часот.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари