СОУ „Љупчо Сантов“ и во наредните две години ќе работи на проекти од Еразмус плус програмата.

Станува збор за три ново добиени проекти за кои членовите на тимот што аплицира на чело со координаторот Весна Кушевска се заложија, аплицираа и ги добија проектите.

Во наредниот период ќе се врши селекција и избирање на учениците кои ќе бидат вклучени во проектите. Во музичкиот кабинет можеше да се заклучи дека за учество во проектите имаше голема заинтересираност од страна на учениците од прва до четврта година бидејќи беа во голем број оние кои сакаат да учествуваат и да се пријават. Им беа презентирани и објаснети проектите.

„Станува збор за проектите „Временска машина“ чија цел е да се развие критичкото размислување кај учениците, „Креативни вибрации“  чија цел е да се применат иновативни методи и техники кои ќе им помогнат на учениците во изборот на нивните идни професии и „Имплементација на методологија базирана на учење преку виртуелна реалност во средните училишта“, рече Весна Стефанова, професор во СОУ „Љупчо Сантов“.

Од СОУ „Љупчо Сантов“ се надеваат на соработка со сите партнер училишта и успешна реализација на сите три нови проекти.

72

73

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари