Со мала свеченост, во присуство на голем број роднини и пријатели вечерва во Градскиот Трговски Центар беше отворена „Пиен“ парфимеријата. Компанијата „Пиен“ е основана во Истанбул 2002 година. како специјализирана компанија за парфеми ги содржи сите потребни сертификати и одобренија за користење според „Министерството за здравство на Турција“ кои се совпаѓаат со одобренијата за користење на парфеми пропишани во Европската Унија. Компанијата уште на стартот се придржува кон стандардите на „IFRA“ (Интернационална асоцијација за мириси) и „RIFM“ (Институт за истражување на материјали за мириси. Основниот принцип на компанијата е квалитетна услуга која води до задоволување на своите клиенти, па благодарение на тоа брзо ја прошируваат својата мрежа на продажни места низ Турција и во повеќе држави како Германија, Холандија, Австрија, Украина, Кипар и Бугарија а од 2013 година и во Македонија. Од вечерва „Пиен“ парфимеријата која располага со мошне добар квалитет и прифатливи цени е и во Кочани.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари