Со рачно зажнејување на оризова нива се спушти завесата на 28-то издание на  годинешната културна манифестација „Денови на Кочанскиот ориз“.

Во знак на традицијата последниот ден од манифестацијата „Денови на Кочанскиот ориз“ започна со жетва на оризова нива а потоа во дворот на „Институтот за ориз“ во Кочани се изврши чинот на вршење на гумно.

Потоа одбележувањето на манифестацијата се префрли во „Паркот на Револуцијата“ каде гостите најпрвин дегустираа јадења од ориз а птоа Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев им ги врачи годинешните признанија на најдобриот земјоделец за 2019 година Ванчо Гицев од Кочани како и на еден од најголемите хуманитарци Тоше Илиев. Годинава за прв пат во недостаток на „Жетварска убавица“ беше доделена признанието „најдобра жетварка“.

Манифестацијата заврши со концерт на петнаесетина фолклорни ансамбли од Македонија како и од други држави, гости на манифестацијата.

Гостин на годинешната манифестација беше Премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев.

С. Ивановски

DSCN2075

DSCN2120

DSCN2265

DSCN2278

DSCN2321

DSCN2328

DSCN2337

DSCN2357

DSCN2513

DSCN2317

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари