И по четвртото одиграно коло во Трета Фудбалска Лига – Југ, екипата на „Слога 1934“ остана лидер на табелата со 12 освоени бода исто како и „Тиверија“ но со подобра гол разлика.

Виничани имаа пријатно гостување во Градско Балдовци каде со головите на Иванов (2), Анастасовски, Димовски и Спасовски со 5:0 (3:0) ја совладаа домашната екипа „Спартмани“,

На останатите три натпревари беа успешни домаќините, додека натпреварот во Радовиш поради зафатеноста на теренот е одложен за во Среда.

Резултати од 4-тото коло:

„Спартмани“ – „Слога 1934“  0:5

„Брегалница сениори“ – „Малеш“  4:2

„Тиверија“ – „Раклиш“  4:2

„Василево“ – „Дојранско Езеро“  2:1

„Детонит“ – „Младост Удово“ (одложена)

Слободна  беше  екипата на „Овче Поле“

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари