Кога една домашна екипа ќе го упати единствениот директен удар кон противничкиот гол во 92’ (Паунов) тогаш се е кажано.

А денес во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ беше токму така, домаќинот „Осогово“ беше размонтиран во најситни делови од одлично склопениот гевгелиски состав кој се чинеше дека може да постигне гол кога ќе посакаше. Дека денес „Кожуф“ им одржа фудбалски час на „ѕвездите“ од Кочани зборува крајот од натпреварот кога објективната кочанска публика со аплаузи ги испрати гостинските играчи во соблекувалната, наспроти домашните кои заслужено добија свирежи од трибините.

Од првиот свиреж на денес мошне добриот судија Бартон играчите на „Кожуф“ им ставија до знаење на „жетварите“ кој ќе биде господарот на теренот. Играа со срце, на прва, ниско по земја, бргу го освојуваа просторот па мошне лесно доаѓаа пред домашниот гол.

Во 10’Џинов беше убаво проигран на десната страна, непречен од никого влета во казнетиот простор на домаќините и со прецизен удар ја затресе мрежата на немоќниот Јованоски.

DSCN2578

Во 29’ веќе беше 0:2. По една упатена топка од половината на „Кожуф“ потесната одбрана на домаќините подзаспа, тоа го искористи брзиот Костадинов, излезе сам пред Јованоски и рутинирани со удар по земја го зголеми водството.

Тогаш почнаа првите свирежи од трибините а неколку гледачи незадоволни од играта и од резултатот го напуштија стадионот.

Само што започна вториот дел веќе беше 0:3., стрелец во 50’ за гостите беше Тодоров.

По овој резултат започна фудбалскиот бал на гевгеличани, кои со додавања ја држеа топката неколку минути во своите нозе а кога ќе се доближеа до казнетиот простор на домаќините беа вистинска напаст. Кочанската објективна публика ваквите акции на играчите во црвени дресови знаеше со аплаузи да ги награди.

DSCN2636

Точка на резултатот и на маките на „Осогово“ стави Зајков во 89’ кога по одлично изведената акција сам непречен од никого од еден метар ја уфрли топката во небранетиот дел од мрежата.

Се чини дека со овој пораз „жетварите“ ги загубија објективно шансите за опстанок во лигата, но како што некои од нив подвлекоа има уште доста натпревари за играње во кои може да се случи се.

Можеби нештата и ќе се променат, но со ваква игра, со ваков пристап на натпреварите тешко е да се поверува во нивните изјави, но ајде да чекаме уште некое време.

Резултати од 7-то коло:

„Осогово“ – „Кожуф“  0:4

„Плаковица“ – „Каменица Саса“  0:2

„Питу Гули“ – „Беласица“  0:8

„Брегалница“ – „Победа“  3:0

„Тиквеш“ – „Кит Го“  1:0

Во следното 8-мо коло „Осогово“ и гостува на „Плачковица“.

С. Ивановски

DSCN2849

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари