И од гостувањето во Израел, Македонската фудбалска репрезентација У-18 се враќа непоразена.

Нашите момчиња одиграа храбар натпревар, полн со пресврти, кој заврши без победник.

Сепак херојот на нашата репрезентација е Методи Максимов.

Методи Максимов влезе во играта во 75’ при водство на домаќинот Израел од 3:2 и по само три минути игра откако доби употреблива топка во казнетиот простор на домаќините успеа да ја затресе противничката мрежа и да го израмни резултатот на 3:3.

Максимов продолжува со добрите игри и полека но сигурно се наметнува како еден од клучните играчи во репрезентацијата.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари