Со отстранувањето на старите бетонски клупи и официјално започна реконструкцијата на плочникот во Градскиот Трговски центар во Кочани.

Предвидена е реконструкција на површина од 2 800 м², а работите ќе се изведуваат од платото пред „Телеком“, на југ кон павилјонот пред кулата „Треска“, а на исток преку тунелот до паркингот.

Шеталиштето и скалите ќе бидат поплочени со гранитни плочки, овој простор ќе биде осветлен со вградени подни ЛЕД-светилки и рефлектори. Планирано е вградување на клупи со што ќе се подобри фунционалноста и естетскиот изглед на овој простор.

Со реконструкцијата на плочникот во Трговскиот центар ќе се овозможи да се вгради и одвод за атмосферската вода.

С. Ивановски

DSCN1971

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари